Лула ја задржа големата предност пред Болсонаро пред изборите во Бразил

Бразилскиот левичарски претседателски кандидат Луиз Инасио Лула да Силва незначително ја зголемил предноста во однос на актуелниот десничарски претседател Жаир Болсонаро, на помалку од две седмици пред изборите во најголемата латиноамериканска земја, покажува најновата анкета објавена во понеделникот.

Истражувањето на јавното мнение коешто го спровело социолошкиот институт IPEC покажало дека Лула има 47 отсто поддршка од гласачите, а Болсонаро во првиот круг од изборите кој ќе се одржи на 2-ри октомври. Една седмица претходно во истата анкета, Лула имаше предност од 46 наспроти 31 отсто.

Според истото истражување објавено во понеделникот, Лула во вториот круг би го победил Болсонаро со 54 отсто наспроти 35 отсто од гласовите, што е разлика од 19 процентни поени во однос на 17 отсто пред две седмици.

Анкетарите на IPEC спровеле лични интервјуа со 3.008 лица на 17-ти и 18-ти септември. Маргината на грешка е два процентни поени.