Поранешниот бразилски претседатл Луиз Инасио Лула да Силва смета дека украинскиот претседател Владимир Зеленски е „подеднакво виновен“ за војната во својата земја како и рускиот претседател Владимир Путин, а во разговорот за американското списание Time од средата не ги штеди ниту САД, ниту Обединетите нации.
„Гледам сите парламенти (во светот) му аплаудираат на украинскиот претседател. Но тој тип е подеднакво одговорен како и Путин. За војната никогаш не постои само еден виновник. Тој ја сакаше војната. Доколку не ја сакаше, малку повеќе ќе преговараше“, вели Лула кој е голем фаворит на претседателските избори во Бразил во октомври.
Лула, исто така, оценува дека украинскиот претседател Зеленски „чудно“ се однесува.
„Би се рекло дека е како во претстава. На телевизијата е наутро, напладне и навечер, во англискиот, францускиот, германскиот парламент, како да е во (изборна) кампања. Би требало да е повеќе заинтересиран за преговарачката маса“, додава Лула.
Иконата на бразилската левица истовремено ги обвинува западните сили дека „поттикнуваат омраза кон Путин“.
„Ако се охрабрува Зеленски, тој мисли дека е најдобар. Всушност би требало сериозно да му се каже: ‘Момче, ти си добар комичар, но нема да војуваме за да можеш ти да настапуваш’. И да му се каже на Путин: ‘Имаш многу оружје, но не мораш да го употренип против Украина. Ајде да разговараме’“, истакнува Лула.
Седумдесет ишестгодишниот Лула, кој беше претседател на Бразил во два мандата од 2003 до 2010 година, го обвини американскиот претседател Џо Бајден дека „не донел исправна одлука“ кога станува збор за конлфиктот во Украина.
„САД имаат многу голема тежина и можеа да го избегнат судирот…. Бајден можеше повеќе да се вклучам, можеше да се упати со авион во Москва и да разговара со Путин. Тоа е ставот кој се очекува од лидер“, оценува Лула.
Бразилскиот политичар ги критикува и Обединетите нации дека „Треба итно да биде воспоставена нова светска влада. ОН веќе не претставуваат ништа, светските челници веќе не ги сфаќаат сериозно. Путин еднострано изврши инвазија на Украина, без да ги консултира ОН“.