Судот во Мјанмар ја осуди во петокот соборената премеирка Аунг Сан Су Чи на уште седум години затвор по пет точки од обвинението, изјавил за Reuters извор запознаен со случајот.
Со оваа пресуда заклучени се последните судски постапки против Су Чи која беше уапсена во февруари 2021 година со воен преврат, обвинета по низа обвиненија. Су Чи е во самица во затворот во главниот град Најпјидав од јуни, откако беше задржана во домашен притвор во екот на соборувањето на владата од страна на воениот врв.
На денешното рочиште зад затворени врати е прогласена виновна за кривични дела поврзани со изнајмување и користење хеликоптери додека била на чело на државата, појаснил изворот кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на овој случај. Портпаролот на владејачката хунта не бил достапен за коментар.
Со пресудата донесена во средата 77-годишната добитничка на Нобеловата награда, затворската казна ѝ е продолжена на вкупно повеќе од 33 години поради корупција, кршење на правилата воведени поради пандемијата на Covid-19, изборна измама на изборите во 2020 година кога победи нејзината парти и за кршење на законот за државна тајна.
Западните земји ги осудија овие судски постапки како лакрдија за хунтата, според нив, да ја отстрани од политиката Су Чи во која гледа најголем противник.
Су Чи мина децении во борба за демократизација во Мјанмар и поголем дел од политичкиот живот го мина во затвор под воените хунти. Сите досегашни пресуди против неа ги нарекуваше „апсурдни“.
Мјанмар е во политички превирања од превратот од 1-ви февруари 2021 година. Војската применува сила за задушување на протестите и здруженијата за граѓански права настојува да ги разбие отпорот на организираната граѓанска милиција ширум земјата.
Според здружението за помош на политичките затвореници, групите за човековите права која документира убиства и злоставувања, наведува дека по превратот се убиени најмалку 2.340 луѓе, а повеќе од 15.800 се уапсени.