М-НАВ ќе се надградува за седум милиони евра

Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација ќе добие нов систем за контрола на летање со пари на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Постапката за избор на нов АТМ,  која е во тек, се води според правилата и постапките за набавка на ЕБОР, согласно Договорот за модернизација на М-НАВ АД, склучен на 24.09.2013 година.

Целата постапка е започната во далечната 2013-та година во согласност со ППР на ЕБРД и се водела со отворена постапка за набавка во две фази, кои завршиле пред доаѓането на новиот менаџмент. По повикот во првата фаза се пријавени 4 понудувачи. Работната група за евалуација во М-НАВ АД Скопје за првата фаза  изготвила Евалуационен известај, на кој ЕБОР  дала согласност за три понудуваци да продолжат во втората фаза. Понуди во втората фаза се доставени од само 2 понудувачи, од кои, по извршената евалуација на втората фаза само еден од нив целосно ги исполнува техничките барања и условите наведени во тендерската документација, посочува Николче Тасески, претседател на УО и извршен директор на Секторот навигација.

„Нетпрес“ дојде до информација, дека двете фирми кои останале во втората фаза од постапката за набавка на нов систем за контрола на летање, се италијанска фирма „Леонардо“ и компанија од Шпанија „Индра“.

„Леонардо“ на тендерот има понудено 1 милион евра поскапа цена од  „Индра“, но, неофицијално, наводно големи се шансите таа да го потпише договорот со М-НАВ АД, во декември, годинава.

Тасески посочи дека сите постапки за процесот се одобрени од ЕБОР, а во моментов во тек е процесот за пристап кон потпишување на овој договор. А, согласно договорот за модернизација на М-НАВ АД – Надградба на македонскиот ситем за воздухопловна навигација, оваа постапка не се води согласно Законот за Јавни набавки бидејки се финансира целосно од страна на Европската банка за обнова и развој.