Мјанмар ја осуди Су Чи на уште три години затвор поради корупција

Воената управа на Мјанмар ја осуди во средата поранешната претседателка Аунг Сан Су Чи на уште три години затвор поради корупција, или вкупно досега 26 години, соопштија правосудни извори.

Со пресудата донесена во средата 77-годишната добитничка на Нобеловата награда, затворската казна ѝ е продолжена на вкупно на 26 години поради корупција, кршење на правилата воведен поради пандемијата на Covid-19, изборна измама и кршење на законот за државна тајна.

Су Чи е во самица во затворот во главниот град Најпјидав од јуни, откако беше задржана во домашен притвор во екот на соборувањето на владата од страна на воениот врв.

Судската постапка била затворена за јавноста, а нејзините адвокати не смеат да даваат изјави за медиумите. Случаите се меѓународно осудувани како воено инсценирани судења чија цела е наводно да биде дискридитирани поранешните цивилни челници и да се зајакнат позициите на воената хунта.

Мјанмар е во политички превирања од превратот од 1-ви февруари 2021 година. Војската применува сила за задушување на протестите и здруженијата за граѓански права настојува да ги разбие отпорот на организираната граѓанска милиција ширум земјата.

Според здружението за помош на политичките затвореници, групите за човековите права која документира убиства и злоставувања, наведува дека по превратот се убиени најмалку 2.340 луѓе, а повеќе од 15.800 се уапсени.