Маја Оџаклиевска: Немам куќа на Дедиње, 35 години живеaм во мал стан во Белград

Пејачката Маја Оџаклијевска вели дека во пензионерските денови, секој слободен момент го посветува на нејзиниот аутистичен внук Лука и открива дека прифаќањето на нејзината финансиска состојба и донело мир.

„Луѓето со премногу амбиции се несреќни. Тие можат да имаат империи, тоа не значи ништо. Немам куќа на Дедиње и базени, живеам во мал стан 35 години и задоволна сум од тоа”, вели Маја.

Таа вели дека не станува збор за скромност, туку за разбирање на ситуацијата и сопствените потреби.

„Никогаш не сум позајмувала. Мајка ми еднаш ми рече: Испружи ги ногите колку ти е долга чергата. Ако имаш ќебенце, свиткај ги нозете, ако имаш јорган, истегни се“ вели Маја за Блиц.рс.