Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (МАЈА) остро го осудува апсењето и притворањето на новинарката и уредничка на ФОС Медија, Ангела Ѓиновиќ, и бара од црногорските институции отно да јка да ја ослободат како од притворот.
„Без никаква желба да се навлегува во содржината на спорниот текст, тој не може да биде причина да се приведуваат новинари или уредници“, се истакнува во реакцијата.
Се додава дека црногорските институции на системот имаат голем број на механизми на располагање, во согласност со постојните позитивни регулативи, да бараат одговорност за секој текст за кој сметаат дека е неточен – од тужби до постапки пред регулаторот.
„Фактот дека овие постапки се неефикасни, и според постојните и новите, идните законски решенија, е единствена одговорност на оние институции што го создадоа овој систем“, додаваат МАЈЕ.
Дваесет и годишната Ѓиковик беше притворена под сомени дека со текст предизвикала кривичнио дело „предизвикување паника и немири“, според црногорското министерство за внатрешни работи.
Во написот се вели дека „околу 250 припадници на единицата РОСУ – Специјална косовска единица, ќе бидат достапни на црногорските безбедносни органи на денот на собир во Подгорица закажан за денеска“ на Бадник