Мајка со бебе падна во Вардар, неколку момчиња ги спасиле (ФОТО)

Пред неколку моменти мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, објави Алсат.

Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат. Количката останала во реката.

Соопштено е дека и мајката и детето се добро и без сериозни повреди.

Извор: Алсат телевизија