Мајката на Алексеј Навални конечно го виде телото на својот син и откри шокантни детали што барале од неа

Мајката на Алексеј Навални, Људмила Навални, вели дека и го покажале телото на нејзиниот син во рускиот град Салехард.

„Тие ме уценуваат, поставувајќи ми услови каде, кога и како треба да биде погребан Алексеј“, рече таа.

Навални почина во руска казнена колонија минатата недела. На неговата мајка и сопруга, Јулија Навални, претходно им беше забранет пристап до телото по неговата смрт.