Мајката тврди дека скопјанец со мотор го удрил, тој пак тврди дека детето само се удрило во него! Полицијата ќе го испитува случајот

На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 01.03.2024 во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен малолетник од с.Љубин, скопско, со тешки телесни повреди. Според пријавеното од неговата мајка, на 01.03.2024 околу 12.50 часот во с.Сарај, скопско, тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б.(47) од Скопје.

Додека, пак, според изјавата на С.Б., малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. .