Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс присуствувале на премиерата на филмот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ во Лондон.
Додека чекорел на црвениот тепих, парот се држел за раце, а фотографите го фатиле моментот додека Даглас гледал во деколтето на својата сопруга. Фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина искоментирале дека Мајкл и Кетрин „изгледаат вљубено како првиот ден“ и дека „Даглас не можел да го тргне погледот од својата прекрасна сопруга“.
Инаку, тие се еден од најстабилните парови во Холивуд, а и покрај предрасудите за нивната разлика во годините, љубовната приказна на Кетрин и Мајкл е подеднакво силна како на почетокот.
Парот се венчаше во ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк. Актерката 3 месеци претходно го роди нивното прво дете, синот Дилан, а во 2003 година ја добија ќерката Карис.
Даглас од претходниот брак го има синот Камерон.