Мајорка го сруши Реал и ја турна Барса на врвот

Фудбалерите на Мајорка направија големо изненадување совладувајќи го на својот стадион Реал Мадрид со 1:0, во последниот саботен натпревар од осмото коло на шпанското првенство, што е првиот пораз на „Кралскиот клуб“ во донашниот шампионат сезонава.

Во екипата на Зинедин Зидан ги немапе повредните Лука Модриќ, Тони Крос, Гарет Бејл и Марко Асенсион, а остана и без Еден Азар, кој дуелот го пропушти поради раѓањето на четвртиот син.

Мајорка го искористи отсуството на стардните првотимци на „Кралевите“ и оствари важна победа за која заслужен е напаѓачот од Брегот на слоновата коска, Лаго Жуниор, стрелецот на единствениот погодок уште во 7-та минута од мечот. Мајорка успеа да ја сочува својата мрежа, но и уште неколкупати да се закани, а целта ѝ беше олеснета и со иклучувањето на Алваро Одриозола кој во 74 минута го доби вториот жолт картон.

Хетафе со головите на Анхел во 64 и 84 минута го совлада Леганес и се задржа на 6-то место со 13 бодови. Леганес, пак, е убедливо последен 20-ти со само два бода.

Претходно во вториот натпревар од саботната програма од деветтото коло на шпанското фудбалско првенство, Алтетико Мадрид на својот стадион „Ванда Метрополитано“ одигра 1:1 со Валенсија.

Домашниот тим беше подобар во првото полувреме и до водството дојде во 36 минута кога Диего Коста реализираше удар од белата точка. Во второто коло гостите од Валенсија заиграа многу подобро и го свртија текот на играта во своја полза а надмоќта ја крунисаа со погодокот на Дани Парехо во 82 минута од слободен удар од 25 метри. Валенсија натпреварот го заврши со десет играчи бидејќи во првата минута од судиското продолжение беше исклучен Кореецот Кангин Лин поради невнимателне старт.

Во првиот дуел во саботата Барселона на гости со 3:0 го совлада Еибар, а во првиот дуел од колото во петокот вечерта Гранада го потврди високиот пласман со победата од 1:0 над Осасуна.

Во моментов на врвот на табечата во Примера е Барселона со 19 бодови, бод повеќе од второпласираниот Реал Мадрид и два од третата Гранада. Атлетико Мадрид е четврти со 16 бодови, три повеќе од Реал Сосиедад кој има меч помалку.

Во недела се играат дуелите Алавес – Селта Виго, Реал Сосеидад – Бетис, Еспањол – Виљареал, Атлетик Билбао – Вајадолид и Свеиња – Леванте.