Мацари заслужува уште една шанса

Екипата на Интер повторно наликува на онаа од минатата сезона, игра променливо и губи натпревари од реално послаби тимови.

Пред почетокот на сезоната Интер сосема солидно пазареше, во споредба со останатите тимови во Серие А. Дојдоа Видиќ, Медел, Освалдо, Додо и Јан М’Вила.

Сепак, и оваа сезона тимот на Валтер Мацари покажа дека е во голема криза, особено по двата убеливи порази од Каљари (4-1) и Фиорентина (3-0). Но, покрај ваквите резултати првиот човек на Интер Ерик Тохир за италијанските медиуми изјави дека Мацари заслужува да му се пружи уште една шанса.

Доколку сака да ја задржи позицијата тренер на Интер, Валтер Мацари на крајот од сезоната ќе мора да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Тоа е условот на Тохир кој му го поставил на стратегот доколку сака соработката да биде продолжена.