Вилијам Хана заедно со Јосиф Барбара во рамките на нивната компанија од 1957. до 2001. произвеле некои од најпознатите светски анимирани серии како што се “Том и Џери”,”Штрумфови” и “Scooby-Doo”‘
Дали се сеќавате на натписот “Hanna-Barbera” кој се појавил пред да почне омилениот цртан филм кој со нетрпение сте го чекале како деца? Ова се токму презимињата на двојката која е одговорна за милиони детски насмевки од целиот свет.
Хана беше аниматор, карикатурист, режисер, продуцент, член на креативното дуо Hanna-Barbera и ко-основач на ‘Hanna-Barbera, а починал на 22 март пред 18 години, на возраст од 91. година. Роден е 1910 година, а ја започнал својата кариера во студиото за анимација “Harman and Ising animation”. Му тргнало дури кога дошол во МГМ и таму го запознал William Barbara.
Hanna, заедно со Joseph Barbara во рамките на нивната компанија од 1957. година до 2001. година ги реализирале најпознатите светски анимирани серии како “Том и Џери”, “Штрумфовите”, “Скуби-Ду”, “Flintstones” и “Jetsons”.
Цртаниот филм на МГМ за парот “смртни непријатели”, мачката и глушецот “Puss Gets the Boot” на анимациското дуо им ја донесе првата номинација за Оскар, а подоцна од него се развил еден од најпопуларните цртани филмови на сите времиња – “Том и Џери” кој им донесе седум Оскари.
Исто така, е интересно да се знае дека еден од најпознатите еволуирани авиони некогаш, американскиот F-14 го има прекарот „Tomcat“. Иако официјалното објаснување е дека името го дал еден американски адмирал со име Том, до ден денес по форумите траат дебатите кој е инспираторот за името на мачорот Том.
Кога MGM ја затвори единицата за анимација во 1937 година, дуото формира сопствена компанија Hanna-Barbera. По смртта на Вилијам Хана во 2001 година, Barbera остана активен како извршен продуцент во Warner Bros.