Мадагаскар ја шокираше Нигерија на Африканскиот куп

Во средбата од последното трето коло во Групата Б на африканското фудбалско првенство кое се одржува во Египет, репрезентацијата на Мадагаскар приреди големо изненадување совалдувајќи ја фаворизираната Нигерија со 2:0.

Нигерија и пред последното коло обезбеди пласман во осминафиналето, но со овој пораз ја испушти првата позиција во групата, до којашто сега дојде Мадагаскар.

За 108-та репрезентација на табелата на ФИФА ова е најголемиот успех во историјата. Мадагаскар досега никогап не настапил на африканскиот Куп на нациите, а во својот премиерен настап веднаш ја мина групната фаза.

Победата на селекцијата којашто ја води францускиот тренер Никола Дупуи ѝ ја донесоа Лалана Номенџанахару во 13 и Карулус Андриаматсиноро во 53 минута.

Во вториот дуел од истата група, Гвинеја беше подобра од Буринди со 2:0 и се приближи до пласманот во осминафинаелто како една од четирите најдобри третопласирани селекции.

Клучниот момент на мечот се случи во 12 минута, кога Бурунди остана со играч помалку, откако директно беше исклучен Кристоф Н’диваригира. Во продолжението Мохамед Јатара за Гвинеа беше двоен стрелец во 25 и 52 минута.

На крајот Мадагаскар го освои првото место со 7 бодови, Нигерија е втора со 6, Гвинеа има 4, а Буринди забележа три пораза.

Во Групата А, пак, домаќинот Египет во Каиро ја победи Уганда со 2:0, забележувајќи ја и третата победа. Победата ја донесоа Мохамеде Салах со прекрасен гол од слободен удар во 36 минута, и Ахмед Елмохамади во последните секунди од првото полувреме.

Во вториот натпревар од оваа група, Конго беше убедлив со 4:0 против Зимбабве. Головите ги постигнаа Џонатан Болинги во 5, Седрик Бакамбу во 35 и 66 минута од пенал, и Брит Асамбалонга во 78 минута.

Египет го освои првото место со максималните 9 бодови, натаму оди и Уганда која е втора со 4 бодови, додека Конго ќе го очекува расплетот во другите групи со 3 бодови, Зимбабва освои само еден бод.