Мадона во неделата вечерта мораше да го откаже концертот во Париз поради повреда, објави концертната сала во која требаше да настапи поп-иконата.
„Со жалење ве известуваме дека шоуто на Мадона е откажано повреда којашто трае веќе подолго“, напиша водството на салата „Grand Rex“ на својата интернет страница.
Не се појаснува дали 61-годишната американска пејчака ќе биде во состојба да настапи следните вечери.
Мадона во Париз треба да биде до 11-ти март во рамките на нејзината турнеја „Madame X Tour“ на која фрацнуската престолнина ѝ беше последната етапа.
На концертот во четвртокот Мадона веќе имала големи проблеми и покажувала знакови на немоќ, пишуваат медиумите. Според весникот Le Parisien, пејачката има напукнување на лигаментот на коленото.