Мадона си најде 29 години помладо момче

По неполн месец откако го откачи своето 29 години помладо момче, Брахим Заибат, 55-годишната Мадона го замени со негов врсник.

Новото момче на поп дивата, Тимор Стефенс, има 26 години и исто така е 29 години помлад од нејзе. Како и неговиот претходник, Тимор е професионален танчер.

На пријателите Мадона го претставила новото момче на новогодишната забава на Рудолф Валентино, во Швајцарија.

„Хемијата меѓу Мадона и тоа момче е повеќе од очигледна“, рекол еден од гостите на забавата.