Мадона со провокативни фотографии одбележува важна работа во животот

Пејачката Мадона ги враќа деведесетите на голема врата, па се здружила со модната куќа „Iv Sen Loran“ и една издавачка куќа за да ги одбележи 30 години од објавувањето на нејзината еротска фото-книга „Секс“.

Оваа книга крена многу прав, а некои сметаат дека тоа било момент во нејзината кариера кога доста работи се промениле.

Мадона ги врати фотографиите во живот, така што сега издаденото ново ограничено издание на книгата е во 800 примероци, а ќе биде одржана и изложба.

ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Тоа ќе биде првпат фотографиите да се прикажат во голем формат и да бидат изложени.

Според нејзиниот сајт, Мадона ќе потпише одреден број примероци од новата книга, а приходот ќе бидат донирани во добротворната организација „Rising Malawi“.

Пејачката изложбата ја најавила преку својот Инстаграм, со фотографија во многу тесен корсет, кој едвај ги задржува нејзините гради, а таа за ова добила осуда од јавноста како поради фотографијата, така и поради најавената книга…