Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, му порача на својот американски колега по должност да престане да се меша во внатрешните работи на неговата земја, по новите санкции коишто САД ги воведоа и силните осуди коишто Доналд Трамп ги изрече на сметка на социјалистичката влада на Мадуро.
„Доста е мешање… Подалеку од Венецуела… Тргнете ги своите валкани работи подалеку од Венецуела“, му порача претседателот Николас Мадуро на Доналд Трамп.
Администрацијата на американскиот претседател воведе во четвртокот санкции за членовите на Врховниот суд на Венецуела, по неколку нивни одлуки кои САД ги проценуваат како придонесе кон намалување на моќта на венецуелскиот Конгрес во кој мнозинството го има опозицијата.
САД со санкциите сакаат да извршат притисок врз приврзаниците на левичарската влада на претседателот Мадуро, бидејќи ја јакне американската загриженост поради репресијата на масовните улични протести кои следеа ширум Венецуела по одлуката на Врховниот суд.
Ова е вторпат САД да воведуваат санкции против Венецуела откако Доналд Трамп е претседател. „Суштината е дека претседателот Трамп јасно покажа дека САД нема да ги толерираат ’лошите фактори’ кои постојат во Венецуела под претседателот Мадуро“, изјавил високо американски функционер за Reuters по повод на санкциите.
Мадуро по изборот на Трамп во ноември минатата година изјави дека на новиот американски претседател треба да му се даде шанса. Во меѓувреме радикално го промени своето мислење.
„Агресијата на претседателот Трамп кон народот Венецуела, врз нејзината влада и нејзините институции ја надмина секоја мерка“, се вели на соопштението на владата во Каракас во која се обвинува Вашингтон сака да ја дестибилизра Венецуела и да поттикне странска интервенција.
„Екстремните ставови на американската влада само ја потврдуваат дискриминаторската, расистичка, ксенофобна и геноцидна природа на американската елита насочена против човечноста и против нејзиниот сопствен народ, која е само зајакнаа од новата администрацијата која истакнува англосаксонската надмоќ“, се додава.
Во март во Венецуела беше донесена одлука на Конгресот да му ја одзема моќ, што подоцна е отповикана по бранот критики ширум светот. Таа одлука предизвика секојдневни протести кои и натаму се одржуваат ширум земјата и во кои досега 43 лица ги загубија животите.