Авиони, тенкови и стотици илјади војници се вклучени во дводневните големи воени вежби кои започнаа во саботата во Венецуела по наредба на претседателот Николас Мадуро како одговор на заканите од неговиот американски колега Доналд Трамп, ден по воведувањето на новите санкции против оваа јужноамериканска земја со најголеми нафтени резерви на светот.
Околу 200.000 војници и 700.000 полицајци, припадници на резервниот состав и цивили учествуваат овој викенд во воените маневри, вежби со гаѓања авиони кои надлетуваат, наречени „Боливарски суверенитет 2017“.
Маневрите кон средината на август ги најави венецуелскиот претседател Никола Мадуро како одговор на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „можна воена операција доколку биде неопходно“ во Венецуела, што во петокот на извесен начин ублажено ја повтори и Белата куќа.
Во петокот Белата куќа отфрли „краткорочно“ секаква воена акција во Венецуела.
„Разгледуваме широк дијапазон од опции. Секоја одлука ќе биде донесена заедно со партнерите во регионот и не се предвидува никаква воена акција во скора иднина“, изјави генералот Ејџ Ар МЕкмастер, советник зза национална безбедност.