Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, изјавил дека во текот на антивладините протести во земјата во последните две недели загинаа повеќе од 50 лица и за тоа насилство ги обвинува фашистичките групи.
Тој во говор пред приврзаниците на владата, кои се собрале пред претседателската палата, изјавил дека како „резултат на барикадите на патиштата загинале повеќе од 50 лица“.
„Вчера една 84-годишна жена починала во Каракас поради барикадите на патиштата бидејќи три часа не можела да дојде до болница, па починала во автомобилот од срцев удар“, рекол Мадуро.
Од дрга страна, официјална бројка за жртвите од протестите е 13, која што ја изнел државниот обвинител Луис Ортега, додека опозициските партии тврдат дека има најмалку 15 жртви.
Во Каракас доцна синоќа се собрале повеќе стотина лица, најмногу жени, кои ги предводела сопругата на притворениот лидер на опозицијата Леополдо Лопез. Тие протестирале против начинот на кој што државните сили за безбедност се однесуваат кон демонстрантите.