Карбон ласерски пилинг е еден од најпопуларните третмани во моментов, којшто нуди одлични резултати за освежена, мазна, почиста и затегната кожа за само 20-30 минути.
Оваа метода подразбира нанесување на специјален природен карбон лосион на лицето којшто брзо ги апсорбира вишокот маснотии, токсините, нечистотиите и мртвите клетки на кожата од порите, и ги привлекува на површината.
Ласерот го третира лицето според посебен протокол, при што ласерската енергија се апсорбира од темната боја на карбонот и со тоа буквално ја чисти кожата. По третманот, кожата сјае, бидејќи со отстранување на маската од кожата со ласерскиот зрак, се отстрануваат и сите достапни нечистотии од кожата.
Овој естетски третман кој е безбеден за сите типови на кожа, успешно се изведува во веќе профилираниот козметички салон „Beautyacademy“, лоциран во центарот на Скопје (улица Аминта Трети 63, втори кат, стан бр.3).
Салонот нуди разновидни услуги во однос на козметички третмани за нега на лице и тело, но исто така, ова е место каде што се држат и обуки од овие области.
Сопственичката на „Beautyacademy“, Јелена Кркиќ Панчевски, посочува дека карбонскиот ласерски пилинг се препорачува особено за третман на лица со мрсна кожа, црни точки, акни, зголемени пори и уморен, нерамен тен.
Насочената ласерска енергија нежно ја загрева кожата и ја стерилизира, елиминирајќи ги бактериите кои предизвикуваат акни. Главната предност на овој третман е тоа што не користи никакви лекови или хемикалии кои ја сушат кожата.
Нежниот пилинг што се постигнува со овој третман, како и детоксикацијата на кожата, се пријатни за секоја кожа.
За подетални информации во однос на услугите на „Beautyacademy“, може да се информирате на телефон: 070 245 418, како и на инстаграм профилот beautyacademy.mk