Јин Шин Џитсу е древна јапонска вештина, уметност, филозофија и моќна алтернативна медицина која се базира на рацете, поточно на прстите.
Нејзината цел е да ја избалансира енергијата на телото која е важна за физичкото и емоционалното здравје на организмот.
Според јапонското толкување, секој прст означува одреден дел од телото, односно орган, психичка состојба и физички симптоми. Со притискање на секој прст можете да го избалансирате телото и да се ослободите од одредени тегоби.
Што Јин Шин Џитсу прави за нашето тело?
-ја намалува болката
-го опушта телото
-го намалува стресот
-го регулира сонот
-ги намалува тегобите и напнатоста
-ја зајакнува циркулацијата
-ја зголемува концентрацијата
-го зајакнува имунитетот
-ја подобрува кожата
-врши детоксикација на телото