![magla na pat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/magla-na-pat.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на планиските премини Стража и Пресека, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисурите и усеците, можна е појава на поситни одрони.
„Македонија пат“ апелира до возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.