
Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози.
Појава на магла со видливост до 50 метри има во Крушево и на планинскиот премин Буково.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.