На патниот правец Битола-Ресен спроти село Братиндол вчера се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија четириесет и петгодишната Сузана К. и шестгодишната Емануела К, а потешко е повредена шестнаесетгодишната И.К.
Несреќата се случила меѓу „тико“, кое го управувала Сузана и „форд ескорд“, управуван од четириесет и четиригодишен битолчанец.
Сузана починала на лице место, а повредените бил веднаш пренесени во Клиничката болница Битола каде малечката Емануела им подлегнала на повредите.
.