Мајката на Жељко Јоксимовиќ заробена во поплавеното Ваљево

Весна Јоксимовиќ, мајката на српскиот пејач  Жељко Јоксимовиќ, поради поплавите во Ваљво веќе со денови не може да излезе од нивната семејна куќа. Таа вели дека било страшно кога водата почнала да надоаѓа и додава дека се моли на Бог да и помогне на Србија и да ја запре оваа катастрофа.

„Нашата  куќа овде во Ваљево се наоѓа на брдо, такашто не е поплавена, но сега ни се заканува нова опасност од подземни води и свлечишта. За сега е стабилно и се молам на Бога така и да остане. Денот кога сето ова се случи беше ужасно. Кога гледате како водата надоаѓа, се губите од реалноста, тоа беше навистина морничаво, толку страшно да помислите дека гледате филм. Не можам со зборови да ви опишам. Мојот сопруг Бранислав, ноќта пред сето ова, отиде во Белград, а јас останав да ги засадам цвеќињата и да ја средам куќата, затоа што тоа секогаш го правиме во овој период од годината, а потоа се случи катастрофата, вели Весна за српски „Ало“.

Таа раскажува дека со часови стоела на прозорецот и се молела.