Мајли Сајрус (26) и Лиам Хемсворт (28) тајно се венчаа пред Божик. Свадбата се случила на 23-ти декември во Тенеси, каде во присуство на членовите на семејството и мал круг на пријатели, тие го кажале судбинското ДА.

Двојката ја потврди својата венчавка со споделување прекрасни слики од церемонијата на социјалните медиуми.

На сликите, Мајли и Лиам може да се видат како се гушкаат еден со друг. Таа одбрала бела сатенска тоалета, додека избраникот ја надополнува облечен во црн костим и бела кошула.

Инаку, популарната двојка се запознала пред речиси една деценија на снимањето на нивниот филм „The Last Song“ и токму тоа и стои во описот на фотографијата од нивната свадба:

„10 години подоцна“, пишала Мајли. „Ова е веројатно нашиот милионски бакнеж по ред…“

Мајли Сајрус и претходно беше верена со Лиам. Тие веќе беа свршени во 2012 година, но се разделија една година подоцна, по тригодишна врска.

Парот официјално е заедно од 2016 година, и овој пат навистина станаа брачна двојка, во опуштена атмосфера, без присуство на медиумите.