3.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Македонците во Малта излегуваат на мирен протест против францускиот предлог

Македонците во Малта денеска излегуваат на мирен протест пред француската амбасада во Валета за да го искажат своето незадоволство и ревлот по повод францускиот предлог.

– Се гледаме во 15 часот пред француската амбасада во Валета горди Македонци! Колку сме побројни толку подобро за сите нас.
Нема откажување , ќе победиме ! Македонија Вечна, стои во објавата на Фејсбук страницата Македонска Заедница во Малта/Macedonian Community in Malta.

Претходно Антонио Ченто Ѓоргиев на Фејсбук информираше дека добиле потврда од Комесарот на полицијата на Малта за одржување на протест.

– Официјално добивме потврда од Комесарот на полицијата на Малта за одржување на нашиот МИРЕН протест на 12.07.2022 од 15:00 до 17:00 пред Француската амбасада во Валета. Нашиот протест е регистриран и официјализиран, но морам да напоменам затоа што гледам дека има многу од оние што сакаат да дојдат на овој протест и применат на било каков начин агресија! ОД МЕНЕ ИЛИ ОД БИЛО КОЈ НА НАШИОТ ПРОТЕСТ НЕМА ДА БИДЕ ПОДДРЖАНА ИЛИ ДОЗВОЛЕНА АГРЕСИЈА ОД БИЛО КАКОВ ВИД, овде сме достоинствено да ја претставиме Македонија и Македонскиот народ и ќе ги замолам сите што ќе дојдат со мене да ме поддржат. За жал, не сме дома, и секаква агресија или провокација ќе биде третирана најсурово, а јас како организатор ќе бидам оној кој ќе понесе одговорност. Дополнително, бев информиран дека не смееме да организираме поворка до и од местото на протестот затоа ќе ве замолам да дојдете директно пред Француската амбасада во одреденото време. Да ги поддржиме нашите браќа дома достоинствено, кога можат тие без насилство, можеме и ние! Никогаш Северна, само МАКЕДОНИЈА!, напиша Антонио Ченто Ѓоргиев.