Јас сум МАКЕДОНКА. Моите предци НЕ биле Грци или Бугари. За жал, Грците и Бугарите се наши угнетувачи. Јас дефинитивно НЕ сум ниту Северно-Македонка. Не ги признавам политичарите кои сакаат да го пропадат моето име, етничка припадност, јазик и култура, кои се мои основни човекови права, за да добиеме лажна надеж дека ќе влеземе во ЕУ. Режимот на Заев НЕ го претставува моето семејство, моите предци или моите потомци. Не знам што тој преставува, освен своите корумпирани интереси и парите кои ги зема, се исталнува во јавното обраќање од Билјана Сарагил, членка на Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП), кое интегрално го пренесуваме во продолжение.
„Ако ЕУ сака да ја прими Македонија во своето „семејство“, треба да ја отвори вратата и без да бара од нас да си го менуваме името, преименуваме аеродромот, да отстрануваме историски споменици, да го менуваме потеклото на нашиот јазик и историјата на нашите паднати јунаци како Гоце Делчев, кој го посвети животот на идејата за независна Македонија. ЕУ и НАТО НЕ смеат да ги промовираат овие цели. Овие организации треба да бидат инклузивни, а не намерно да создаваат пречки за да го спречат нашиот прием. Дури и откако Заев ни ја продаде државата со Преспанскиот договор, пречките од Грција, Бугарија и од ЕУ продолжуваат и стануваат бесконечни. Заев, вратата е затворена, независно колку си ја продаваш душата и душите на луѓето кои велиш дека ги претставуваш. ЕУ не не сака, независно од што се ќе се откажеме. Беше будала што и направи толкави отстапки на Грција без никаква пишана гаранција од ЕУ. А сега Бугарија е на ред да бара отстапки и да го користи нејзиното право на вето, исто како што Грција правеше досега. Грција и Бугарија и самите се зачудени од твојата подготвеност да правиш отстапки за лажно чувство на надеж. Се продаде за неколку евра за твојот бизнис со Мамас ајвар. Засрами се Заев. Срам да ти е.
Јас сум родена и израснав во Канада, но имам македонско потекло. Доаѓам од „Западот“. Ја САКАМ Канада. Ги сакам и САД. Сакам се што е добро за земјата која е мојот дом и за земјата која ми е сосед. Но, искрено, тешко ми е што не го признаваат геноцидот врз Македонците што Грците го извршија од 1913 до 1949 година. Тешко ми е што Македонија е земја чија историја не се помни и празнува, и која продолжува да биде угнетувана. Западот како да мисли дека, ако не ја признае нашата историја и нападите врз нас, и ако не ни го даде должното внимание, можеби ние ќе замолкнеме и историјата ќе биде напишана одново, без нас. Грчките лобисти би биле среќни ако тоа се случи. Но нашата историја, културолошкиот геноцид извршен врз нас и нашето угнетување се многу добро забележани. Многу од нашите роднини, кои се директни сведоци на настаните, се се уште живи. На мојот народ му е украдена земјата. Моите луѓе беа силувани, убивани, обезглавувани, децата раздвоени до родителите и етнички протерувани. Нашата земја е поделена на четири дела во 1913 година. Место да бидеме заштитени, а нашата историја да биде признаена како што се Холокаустот и Ерменскиот геноцид, ни велат дека мора да се откажеме од нашето име, култура, од потеклото на нашиот јазик и од нашата историја. Ова НЕ се западните вредности. Ова НЕ се вредностите кои ЕУ би требала да ги застапува. Ова НЕ се вредностите со кои јас израснав во нашата славна, мулти-културна земја, на континентот на кој секоја култура треба да биде сакана и почитувана.
Што стана со почитување на човековите права за СИТЕ земји и етнички заедници? Што стана со постапување како што е исправно, и со бранењето на СИТЕ луѓе? Што стана со помнењето на историјата за да научиме од неа и да се погрижиме никогаш да не ни се повтори, за да не ги повториме грешките од минатото? Зошто би признавале ја признавале историјата на било која земја, или било кој геноцид што бил извршен, ако не покажеме човечка доблест и емпатија да ги признаеме СИТЕ вакви злосторства? Дали човечкото достоинство и емпатија имаат цена или список на предуслови? Погледнете во што се претвори нашето општество и нашите политичари, а која е сликата што сакаат да ја прикажат надвор.
Јас сум Македонка. Јас зборувам, читам и пишувам на македонски јазик. Ги танцувам традиционалните македонски ора и готвам традиционална македонска храна. Ја поддржувам Македонската православна црква. Македонија постои. Ќе постои засекогаш. Нека пукнат душманите. Да живее Македонија!“, порачува Билјана Сарагил.