Македонец дивеел на автопатот Ниш-Белград, возел со 173км/ч, пијан, дрогиран и без возачка дозвола

Српската полиција рано утрово запрела државјанин на Македонија на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш- Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, сообраќајната полиција на наплатната рампа Врчин кај Белград околу 4,43 часот запрела автомобил марка „Порше Карера“, управувано од државјанин на Македонија.

Утврдено е дека тој возел без да има положено возачки испит и со 0,28 промили алкохол во организмот, додека со тестот за дрога утврдено е дека е под дејство на кокаин.