Македонец кој се борел во Сирија меѓу уапсените во акцијата „Ќелија“

Ова се приведените во антитерористичката акција „Ќелија“
Ова се приведените во антитерористичката акција „Ќелија“

Mеѓу приведените девет лица во полициската акција „Ќелија” е и Македонецот Стефан С. кој се борел во Сирија, објави „Прес 24“, повикувајќи се на свои  извори во истрагата.

Според нашиот извор Стефан пред одредено време ја сменил православната вера и преминал во ислам. Информациите велат дека тој во повеќе наврати бил во Сирија и се борел на страната на ИСИС. Во Македонија негова задала била да регрутира нови борци. За да биде поубедлив тој си го сменил и личното име со муслиманско. Полицијата утрово заедно со Стефан приведе уште осум лица меѓу кои и имам од џамиите Тутунсуз и Јаја Паша. Покрај нив се трага по уште 27 лица од кои за 20 мина се претпоставува дека се уште се на боиштата во Сирија, пишува порталот.

Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за во Ирак и Сирија

Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за во Ирак и Сирија
Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за во Ирак и Сирија

Во антитерористичката акција „Ќелија“ спроведена во 3:30 по полноќ полицијата уапси девет лица, а над дваесет се осомничени за учество во војните во Сирија и Ирак, како и за регрутација на борци за овие боишта.

Прибирањето материјални докази за македонски државјани кои учествувале во странски војни МВР го спроведувало од септемрви 2014. до  јули оваа година.

Во акцијата извршени се дваесет и осум претреси во Скопје, Гостивар, Струга и Куманово, кај дваесет и четири лица, како и четири објекти меѓу кои придружен објект на Тутунсус џамијата, невладини објекти и интернет – кафе.

Уапсен имам- идеолог на исламскиот фундаментализам

Во акцијата е уапсен и имамот на џамијата Тутунсус, за кој се смета дека е еден од идеолозите, а неговата активност во процесот на регрутација дополнително ќе се утврдува.

Дел од уапсените се повратници, односно веќе учествувале во војните во Сирија и Ирак, а речиси сите зад себе имаат криминално досие.

Сите уапсени се македонски државјани, но од различна националност.

 

Поврзани вести:

Исламска држава влезе во Македонија – МВР во голема акција. Исламска држава влезе во Македонија, заедно со бегалците од Сирија. Голема антитерористи акција на полицијата се одвива на неколку локации низ Македонија, за кои има сомневања дека се стационирани припадници на Исламска држава…