Помеѓу сите оние кои среќата си ја бараат во прогнозирање на резултатите од натпревари на Муднијалот секако се издвојува анонимниот супер прогнозер кој одиграл 7+ (повеќе од 7 голови) на полуфиналниот натпревар помеѓу Германија и Бразил, пишува Вистина.мк.
Според тикетот се гледа дека само десет минути пред стартото на полуфиналниот натпревар овој играч уплатил 1000 денари на 7+, а неговата прогноза му донесе неверојатни 60 000 денари.
Едно е сигурно: додека една цела нација плачеше и преживуваше страотен кошмар овој љубител на спортското обложување си ги триеше рацете со секој постигнат гол.
Мундијалот во Бразил им донесе одлична заработувачка на спортските обложувалници со оглед дека оваа Светско првенство беше полно со изненадувања и пресврти.