![makedonija odbojkarki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makedonija-odbojkarki.jpg?resize=696%2C386&ssl=1)
Македонските одбојкарки денеска ја пречекуваат репрезентацијата на Грција во рамки на третото коло од Европското првенство за одбојкарки до 19 години кое се одржува во Скопје.
Натпреварот од групата 1 ќе се одигра со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Македонските одбојкарки во првите два натпревари немаа многу среќа и запишаа два порази против репрезентациите на Финска и Словенија.
Грција пак, вчера загуби од Финска.