Македонија чека препорака од ЕМА за воведување трета доза вакцина

Во Македонија, засега, трета доза вакцина против ковид-19 можат да примат само лицата кои се на дијализа и кои имаат трансплантиран орган. Засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти

-Се уште траат испитувањата за тоа каков ефект има третата доза врз создавање на отпор кон коронавирусот. Американската агенција за храна и лекови (ФДА) има дадено препорака за трета доза на „Фајзер“ вакцина кај имунокомпромитирани пациенти, како и пациенти коишто се трансплантирани или пациенти коишто се на хронична дијализа. Европската агенција за лекови (ЕМА), се уште ја нема дадено таа препорака. Ги очекуваме препораките, како од производителите, така и од големите клинички студии. Тоа што во овој момент го знаеме е дека трета, бустер доза со производителот „Фајзер“, значајно ја зголемува ефикасноста, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.