-До крај на годината уште најмалку шест нови авио линии ќе имаме од скопскиот и од охридскиот аеродром. Веќе донесовме 4 од Скопје и 2 од Охрид, а овие нови шест дополниелно ќе ги објaвиме до крај на годината, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата Само Интервју.
„Ќе имаме нови дестинaции. До крајот на годината ќе објавиме уште нови 6 линии кои ќе оперираат од скопскиот и од охридскиот аеродром. Кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше, а аеродормите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по кракатер имам натпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите. Ќе имаме нови дестинации и нека повелат колегите од Бугарија, Албанија, Србија да се натпреваруваме, мислам дека јас ќе донесам најмногу авиолинии”, истакна Николоски.