Македонија ќе остане без гас?- Русија утре го затвора вентилот за Бугарија

Русија од утре ја запира испораката на гас за Бугарија. Дали тоа ќе значи дека и во Македонија ќе прекине снабдувањето со гас, бидејќи државата го добива преку гасоводот од Бугарија?

Како што пишуваат бугарските медиуми, Гаспром ја прекинува испораката на гас и за Бугарија.

Денеска Бугарија добила известување дека испораките на природен гас од Гаспром експорт ќе бидат прекинати од утре, 27 април 2022 година.

-Бугарската страна целосно ги исполни своите обврски и навремено, строго и во согласност со неговите клаузули ги изврши сите плаќања што се бараат според овој договор, се вели во соопштението кое го пренесуваат медиумите.

Според портпаролката на кабинетот Лена Бориславова, премиерот и вицепремиерот се свесни за ситуацијата и велат дека нема причина за паника или грижа.