Македонија е убедлив рекордер по бројот на починати од корона, поради калкулантскиот однос на Заев и Филипче

На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека Македонија е убедливо рекордер по бројот на загубени животи од коронавирусот споредбено со земјите во регионот, заради калкулантскиот однос на Заев и Филипче

„Рекордери сме по бројот на луѓето коишто го загубиле животот поради Ковид 19 пандемијата, а сето тоа е поради калкулантскиот однос, непримерниот однос, наместо тие во Комисијата за заразни болести да бидат инфектолози, прераснаа во политиколози“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ презентираше притоа дијаграм за состојбата во Македонија, според бројот починатите од коронавирусот на миион жители, во споредба со регионот

Притоа Мицкоски истакна дека земјата денеска е рекордер по бројот на лица коишто се инфицирани од коронавирусот.

„Ниту Заев, ниту Филипче после 15-ти јули ќе имаат можност да одлучуваат повеќе за здравјето на граѓаните, добрата вест е што ќе дојдат луѓе компетентни, луѓе коишто знаат како да се справат“, рече Мицкоски.