Вечерашниот дуел помеѓу Македонија и Малта, ќе биде седмиот меѓу овие две селекции. Во досегашните шест, Македонија има позитивен скор, односно пет победи и само еден нерешен резултат, и тоа оној последниот во 2010 година.
Во претходните, селекцијата на Македонија оствари победи, и тоа со само еден примен гол од вечерашниот противник.
Почетокот на дуелите меѓу Македонија и Албанија, датираат од 1996 година кога Македонија на свој терен во март ја победува Малта со 1-0, а потоа Малтежаните „враќаат“ со пријателска во ноември истата година, која ја добива Македонија со 0-2.
Во кфалификациите за ЕП 2000 година, во групната фаза на домашен терен ја совладавме Малта со 4-0, а потоа и на гости со 1-2. Следниот меч е во 2002 година кога Македонија како домаќин ја победи Малта со убедливи 5-0, додека во 2010 година во Ла Вела игравме само 1-1.
Од таа екипа нема ниту еден фудбалер кој е сега во националниот тим. Бранеше Томе Пачовски, сегашниот тренер на голманите во националниот тим. Единствениот гол за нашата селекција го постигна Иван Тричковски.