Според податоците од Државниот завод за статистика на Македонија, македонската просечна нето плата во мај изнесува 25.270 денари односно 410 евра, што е нешто повисока, но само од просечната плата во Албанија која достигна 378 евра.
Најниски плати во Европа имаат Молдавците со 212 евра месечно, малку повеќе се платени Украинците, 240 евра, а Белорусите, 337 евра месечно, покажуваат последните анализи на Евростат.
Од поранешните југословенски земји, освен Македонија, Србија има просечен приход од 471 евра, а највисок имаат Словенците со 1.113 евра месечно. Просечната плата за мај годинава во Словенија оваа година е номинално поголема за 3,4 проценти, а реално за два проценти во однос на истиот период од минатата година.
Во земјите од Западен Балкан по Словенија, во Хрватска просечната плата е највисока и достигна 886 евра, потоа следат Црногорците со 516 евра месечно, и Босна и Херцеговина со 472 евра месечно.
Нешто поголеми плати во регионот имаат Бугарите (457), Романците, кои заработуваат по 535 евра месечно во просек, додека Грците имаат 917 евра месечно.
Ако ја погледнеме другата страна, интересно е да се напомене дека највисоките плати се всушност во неевропските земји. Најголема плата во Европа има во Швајцарија и изнесува 4.370 евра, а потоа Исланд, 3.568 и Норвешка 3.309 евра месечно.
Во Унијата, највисока просечна плата има во Данска, која изнесува 3.309 евра. По неа следи Луксембург со 3.159 евра и Шведска со 2.570 евра месечно.
Германија, пак, според последните истражувања има просечната плата од 2.270 евра.