Младите репрезентации на Македонија и Словачка одиграа нерешено 2-2 на меѓународниот турнир „Анталија Куп“ во Турција.
За „четата“ на Благоја Милевски ова беше втор контролен натпревар на кој запишавме нерешен резултат со две различни постави во првиот, и вториот дел.
Македонија имаше водство со 2-0 со головите на Чурлинов и Величковиќ, но Словачка израмни на 2-2 …
Јасно е дека резултатите на младиот тим на Македонија се во втор план, ова е друга репрезентација, со нови играчи, Благоја Милевски ги тестира сите.
Впечаток е дека Дарко Чурлинов е неправедно изоставен од првиот тим на А-селекцијата на Македонија, играчот на Штутгарт, се препорача уште еднаш на Игор Ангеловски, но тој не „гледа“ дека имаме играч од врвна класа од Бундеслигата …