Проф.Д-р Александар Нацев во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за членството на Република Македонија во НАТО каде посочи дека не е добро ние како најнова земја членка да бидеме најслаба алка во синџирот на НАТО.
-Членството во НАТO само по себе носи одредени предизвици. Како прво многу е лошо вие како најнова земја членка да сте најслабата алка во синџирот на НАТО бидејќи сите безбедносни предизвици пред кои е исправена северноатланкста организација државите треба заеднички да одбранат односно секоја држава да изградi индививдуални капацитетитe за своја сопствена одбрана, а потоа да гради капацитети со другите сојузници и со цел да ја заштита таа групација. Тука е кај нас проблемот и јас би рекол дали е поголема срамота да седиш надвор на клупа и да не влезеш во игра или да си во игра и да си видливо најслабиот играч натерен. Јас во моментот имам една перцепција дека токму тоа ни се лучува. Имало и порано недоразбирање помеѓу две земји членки на НАТО. Но тоа секогаш усpевало да се разреши или да се стави под тепих за да не биде проблем пред останатите сојузници и да не се руши имиџот на НАТО, рече НАцев.
Нацев во своето гостување дека за Република Македонија кажа дека не е добро што тоа последни влеговме во НАТО и веднаш се соочуваме со проблеми. Според него тоа не остава добар имиџ на државата и на владата која ја предводи државата.
Вие како најнова земја членка влегувате и веднаш имате проблеми. Тоа не е добро за вас како држава и не е добро за имиџот на државата и нормално на моментална влада која што ја предводи државата. Но мојата перцепција е дека она што го гледам е дека сите политичари од власта неодговорно тврдеа дека рабоатат е завршена, така беше и со кампањата за влез во НАТО, се правеа НАТО фестови па излезе дека не сме влезени во НАТО, додаде Нацев.