Македонската фудбалска репрезентација ќе го игра претстојниот пријателски натпревар со Словенија пред публика, одлучи Владата на својата вчерашна седница.
Сепак, трибините нема да може да бидат во целост исполнети, туку одлуката е стадионот да биде со 30 отсто капацитет. Средбата ќе се игра на 1 јуни на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.