Лидерот Христијан Мицкоски во својот говор при прославата на ВМРО-ДПМНЕ за 30-годипнината од независноста на плоштадот „Магнолија“ во Битола рече дека Македонија мора да најде нови моменти на радост и дека не смее да влезе во Европската унија со загубен идентитет и без зачувани традиции.
„Го паметиме покажувањето на Кљусев на македонските денари, првата интонирана химна и првиот гол на Зоран Бошковски Чоко. Го засилувавме тонот на телевизиските приемници, добивме армија со амблем на македонсктоо знаме, наша полиција и се она што е белег на една држава.
Кои ќе бидат нашите цели за следните 30 години, не ги слушаме и не ги гледаме од оваа власт“, рече Мицкоски во своето обраќање.
Во поглед на економијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека за поголем развој мора барем еден автомобилски бренд да произведува во Македонија и да влеземе на мапата на 1.000 најдобри универзитети во светот.
„Стапките на економски раст да бидат по пет-шест проценти годишно, а не да се радуваме на секој плус“, додаде Мицкоски.