Лидерот на Српската радикална страка, Војислав Шешељ, вели дека во Србија никогаш нема да се прифати преодна или техничка влада по примерот на Македонија бидејќи Македонија не е независна држава во целост.
– Не можеме да се угледаме на Македонија бидејќи не е независна и суверена држава во вистинска смисла. Таа е под принудна управа на Америка и западните сили кои ги принудија да прифатат нешто што во нормални околности не би прифатиле. Прифатија дека Албанците се конститутивен народ, премиерот е Албанец, си го сменија името и прават многу други отстапки. Ние дојдовме во слична состојба после 5 октомври кога Американците ги финансираа и учестуваа во мафијашкиот преврат – изјави Шешељ за ТВ Хепи.