Македонија НЕ ги почнува преговорите со ЕУ, не заради проблемот со Бугарија, туку заради НЕМАЊЕ функционален систем на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!, истакна Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Да го реши Македонија проблемот со корупцијата и да воведе функционален систем на владеење на правото, проблемот со Бугарија ќе се реши за едно претпладне или попладне.
Ова го ЗБОРУВАМ со години од 2018 година навака!
Конечно и јавно е потврдено од МОЌНИ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ.
Решението е силна борба со КОРУПЦИЈАТА и воспоставување на ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО.