Македонија не стигна до нов триумф против Израел

Македонската одбојкарска репрезентација загуби на вториот тест против Израел со 0-3 во сетови, односно 15-25, 23-25, 22-25 во пресрет на Европското првенство (ЕП), кое го игра во група во Скопје.

Израел ја најави победата уште во првиот сет, откако тргна фуриозно и поведе со осум поени разлика (18-10). Македонија до крајот на сетот не успеа да се врати во игра и загуби со 15-25.

Македонија имаше солиден старт на вториот сет и водство од 6-2, но Израел набрзо го сврте мечот во своја корист (12-8), по што се водеше голема битка во продолжение, а сетот им припадна на Израелците со 25-23.

Нашите одбојкари имаа водство и во третиот сет до 12-11, но потоа следеше пад во играта и Израел ја презема контролата. Македонија неколку пати намали на еден поен негатива, меѓутоа нашиот ривал славеше со 25-22.

Македонија претходно славеше со 3-2 против Израел на првиот тест, а потоа загуби од Јапонија со 2-3.