Македонскиот борач со руско потекло, Владимир Егоров, е нов европски шампион во категоријата до 57 килограми, откако во вторникот попладнето славеше во големото финале на ЕП во Будимпешта против Алијабабас Рзазаде од Азербејџан со 10-0.
За Егоров ова беше трет триумф на континенталниот собир во унгарската престолнина, откако во понеделникот ги совлада Германецот Никлас Штехеле со 5-4 и Ерменецот Манвел Хнџрстјан со 10-0.
Ова е фантастичен почеток на вечерта, која лесно може да биде една од најубавите во историјата на македонскиот спорт, со оглед што фудбалерите подоцна ќе ги одмерат силите со Португалија (20.45 часот) во клучниот меч во Порто по кој подобриот ќе се пласира на Мундијалот во Катар, анализира Спорт1