Македонија протера уште шест руски дипломати

Министерството за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште шест руски дипломати

„Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи во земјава е повикан амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, кому му се доставени дипломатски оценки, со кои шест дипломати и вработени во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се прогласени за непожелни локално или персона нон грата“, објави МНР.

Од таму додаваат дека руските дипломати имаат рок од пет дена да ја напуштат земјата.

„Врз основа на информации добиени од надлежните органи, лицата презеле дејствија кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и во следните пет дена ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија“, информираат од министерството.