Македонската фудбалска репрезентација се „претплати“ на нерешени резултати, бидејќи во овие три септемвриски натпревари во квалификациите за СП 2022 освои три бода. Нашиот национален тим вечерва на арената „Тодор Проески“ одигра без голови против Романија.
Идентично како и на натпреварот против Ерменија во Скопје, така и вечерва, избраниците на селекторот Благоја Милевски доминираа во поседот на топката, постојано напаѓаа, но немаа никаква реализација во нападот. Романците беа дојде да се одбранат и се изборија за бод со тоа што ја лиминитираа нашата игра во нападот.
Можеби најдобрата шанса за Македонија ја имаше Елиф Елмас во 50.минута, кога по еден соло продор биеше кон голот на Романија, но голманот Ница со нога успеа да одбрани.
Вечерва не искористивме добра шанса да се пробиеме на втората позиција на табелата во Групата Ј, бидејќи Ерменија киксна со Лихтенштајн на домашен терен и одигра 1-1, а Германија со 4-0 славеше во Рејкјавик кај Исланд.
За потсетување во овој септемвриски натпреварувачки „прозорец“ одигравме 0-0 со Ерменија во Скопје и 2-2 со Исланд на гостински терен.
ТАБЕЛА ГРУПА Ц
1. Германија 15
2. Ерменија 11
3. Романија 10
4. Македонија 9
5. Исланд 4
6. Лихтенштајн 1